Економија Започна аплицирањето за субвенции за откупувачите на сливи и на пченица

Започна аплицирањето за субвенции за откупувачите на сливи и на пченица

Сите откупувачи на сливи и преработувачи на пченица, од денеска до 25 декември, ќе може да поднесуваат барања за финансиска поддршка за откупени сливи и пченица од домашно производство од овогодинешната реколта. Висината на поддршката изнесува два денари по килограм.

„Сите заинтересирани кои ги исполнуваат условите за добивање на финансиската поддршка барањата за подмерките може да ги поднесуваат во писарницата на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, лично или по пошта на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Булевар „Трета Македонска Бригада“ бр. 20, 1000 Скопје. Образците за поднесување на барањата може да се подигнат во Агенцијата или да се превземат од веб страната www.ipardpa.gov.mk, во делот „Директни плаќања 2018“, „Обрасци““, информираат од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.