Македонија Запленети повеќе од 2,5 тона кокаин во Шпанија

Запленети повеќе од 2,5 тона кокаин во Шпанија

Шпанската полиција соопшти дека запленила повеќе од 2,5 тони кокаин на марокански рибарски брод и уапсила 24 лица.
Тоа е прва заедничка поморска полициска операција на Шпанија и на Мароко, се наведува во соопштението на шпанското министерство за внатрешни работи.

Дрогата пристигнала од Јужна Америка до Мароко и се наоѓала на брод, околу 100 километри од западниот брег на Сахара.

Меѓу уапсените се наоѓаат Шпанци, Колумбијци и Мароканци.

Шпанија е една од земјите преку која во Европа влегува хашиш од Мароко и кокаин од Латинска Америка.