Хроника Запленета половина килограм марихуана, кривична пријава за четири лица

Запленета половина килограм марихуана, кривична пријава за четири лица

СВР Куманово со кривична пријава до Основно јавно обвинителство Куманово ги спроведе лицата И.М. (29), Д.П. (21), Т.И. (31) и Р.М. (19), сите од Куманово, поради основан сомнеж дека тројцата неовластено произведувале и пуштиле во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, додека четвртиот им помагал.

По спроведена постапка од судија на претходна постапка, на четворицата им е одредена мерка притвор во траење од 30 дена и тие се спроведени во затворот во Куманово.