Македонија Златен накит во вредност од 4 милиони денари запленет на ГП Богородица

Златен накит во вредност од 4 милиони денари запленет на ГП Богородица

Златото било откриено при личен претрес на патник кој се обидел накитот да го скрие во внатрешниот дел на панталоните и долната облека што ги носел на себе

фото: Царинска управа

Над еден килограм златен накит во вредност од 4 милиони денари е запленет од страна на царинските службеници при влез на граничниот премин Богородица, со што е спречен обид за избегнување плаќање увозни давачки во висина од еден милион денари, соопшти Царинската управа.

Златото било откриено при личен претрес на патник кој се обидел накитот да го скрие во внатрешниот дел на панталоните и долната облека што ги носел на себе. Било спакувано во четири ќеси во коишто имало 60 ланчиња, 13 прстени, 128 обетки и 48 наркотици.

Од Царина соопштија дека златото ќе биде предадено во Народна банка, а против патникот ќе биде поднесена кривична пријава.