Дописници Западна Македонија под снег

Западна Македонија под снег

Снежните врнежи во Западна Македонија денеска предизвикаа мали проблеми во сообраќајот на патиштата во овој дел од земјата.

Патиштата до повисоките села на Шар Планина се проодни, но задолжително се препорачува користење зимска опрема.

Забраната за тешки товарни возила сè уште важи за патните правци Гостивар – Стража и Маврово – Дебар. Патот кон скијачкиот центар Попова Шапка е прооден, откако утринава екипи на Јавното претпријатие „Македонија пат“ целосно го исчистија со механизација.

Новиот снег на Попова Шапка создаде снежна покривна повисока од 40 сантиметри. Во Тетово и во Гостивар наврнаа десетина сантиметри снег.

З.Д.