Македонија Замина првата група деца на бесплатен летен одмор

Замина првата група деца на бесплатен летен одмор

На бесплатен летен одмор во Струга денеска замина првата група деца од семејства во социјален ризик. Во рамки на проектот на Владата, што го реализира од 2012 година, годинава 2.000 деца ќе користат бесплатен летен одмор. За одморот да помине во најдобар ред, ќе се грижат волонтери на Црвениот крст на Република Македонија.

Со проектот, на летен одмор се испраќаат 2.000 деца, а на зимски 1.000 деца. За реализација на проектот се обезбедени средства од државниот буџет во висина од 12 милиони денари, од кои за летниот одмор – 8 милиони денари, а за зимскиот – 4 милиони денари.