Македонија Заменик-премиерот на Белгија в понеделник во Скопје

Заменик-премиерот на Белгија в понеделник во Скопје

Во официјална посета на Македонија, в понеделник ќе претстојува заменик-премиерот и министер за надворешни работи на Кралството Белгија, Дидие Рејндерс. Тој доаѓа на покана од шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски.

Како што соопшти МНР, покрај средбата со неговиот домаќин Попоски, Рејндерс ќе биде примен од претседателот на државата, Ѓорге Иванов, од премиерот Никола Груевски, а ќе одржи средба и со вицепремиерот за европски прашања, Фатмир Бесими.

Посетата е во функција на поттикнување нови можности за билатерална соработка, како и соработка на мултилатерален план, наведуваат од МНР.