Хроника Залутан куршум оштетил автомобил на тетовец

Залутан куршум оштетил автомобил на тетовец

На 41-годишен тетовец, вчеравечер му бил оштетен автомобилот, марка „ауди“, додека со него минувал пред угостителски објект на улицата Браќа Миладинови во градот.

Според полицијата, тетовецот И.М. првин слушнал силен звук, а потоа забележал дека се оштетени ветробранското стакло и ретровизорот на автомобилот.

Во инцидентот нема повредени, а од полицијата велат дека најверојатно станува збор за залутан куршум.

Нивни екипи извршиле увид на местото и работат на расчистување на случајот.