Подглавна секција Заложничка криза во Холандија

Заложничка криза во Холандија

Во кафуле во градот Еде се држат заложници, досега се ослободени тројца заложници

Фото: David von Diemar on Unsplash

Холандската полиција извести оти има заложничка криза во централниот град Еде.

Во кафуле се држат заложници. Ослободени се тројца заложници, но не е јасно уште колку заложници сè уште се во кафулето.

Голем број специјални единици беа забележани во центарот на холандскиот град, каде беа евакуирани околу 150 домови. Холандските медиуми известуваат дека забележале робот за деактивирање бомби околу кафулето.

Нема знаци дека станува збор за терористички чин.

Сè уште излегуваат детали за случувањата.