Свет Заложничка драма во Мали

Заложничка драма во Мали

Вооружени лица денеска нападнале хотел во Бамакo, главниот град на Мали, и се верува дека држат заложници, изјавија извори од силите за безбедност и очевидци.

Светските медиуми јавуваат дека три лица се убиени, а напаѓачите држат 140 гости и 30 вработени во хотелот како заложници, но засега нема официјална потврда на оваа информација.

– Рано утринава имаше пукање. Изгледа дека има обид за земање заложници. Полицијата стигна и го блокира подрачјето – соопштија безбедносни извори.

Во нападнатиот хотел има 190 соби, а во текот на нападот се слушнале пукотници и експлозии.