Свет Европа Заложничка драма во банка во Москва

Заложничка драма во банка во Москва

Руските специјални сили синоќа ликвидирале маж кој зел заложници во една московска банка, соопшти руското Министерство за внатрешни работи.

Руските медиуми јавуваат дека сите заложници се ослободени и оти нема настрадани.

Напаѓачот упаднал во филијала на „Московската кредитна банка“ и побарал сума од 4,7 милиони рубљи (13.000) евра.

Руските власти јавуваат дека напаѓачот бил неутрализиран откако било забележано дека во рацете држи предмет, кој наликува на експлозив, а под неговата облека виселе жици.