Македонија Законот за јазици на дневен ред на денешната собраниска седница

Законот за јазици на дневен ред на денешната собраниска седница

Претседателот на Собранието Талат Џафери за денеска напладне го закажа продолжението на 32-та седница на која на дневен ред е Законот за употреба на јазиците за кој опозициската ВМРО-ДПМНЕ има поднесено над 35.000 амандмани.

Доколку на дневен ред бидат ставен амандманите се очекува присуство на пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, кои подолго време ги бојкотираат пленарните седници.

На средбата на премиерот Зоран Заев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во неделата, не беше постигнат договор во однос на законот за употреба на јазиците во Собранието. Мицкоски рече дека ВМРО-ДПМНЕ остануваат на ставот дека законот за употреба на јазиците е неуставен и треба да биде повлечен.

Според Заев, законот треба да се донесе во Собрание, а уставноста да се оспорува пред Уставен суд.

– Ако се има малку разум, законот треба да се донесе во Собранието, па кој смета дека не е уставен да го оспори пред Уставниот суд, а не да се блокира Собранието пред вакви важни моменти за изгласување еден куп реформски закони од кои зависи европската иднина на Македонија – рече Заев.