Македонија Законодавно-правната комисија денеска ќе расправа за новиот универзитет „Дамјан Груев“

Законодавно-правната комисија денеска ќе расправа за новиот универзитет „Дамјан Груев“

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за здравство, за одбрана, Националниот совет за евроинтеграции и Законодавно-правната комисија.

Комисијата за здравство треба да ги разгледа предлог-законите за слободните здравствени зони и за центар за извонредност за трансплантациска медицина и хируршки болести, а Комисијата за одбрана – предлог-законот за измена на законот за полиција.

Законодавно-правната комисија, пак, ќе одржи две седници, на кои меѓу другите точки, се предлог-законите за основање универзитет за национална одбрана, безбедност и мир „Дамјан Груев“ во Скопје, за изменување на законите за високото, средно и за основно образование, како и за Академијата за наставници и за образование на возрасните.