Македонија Законите договорени помеѓу партиите, ја поминаа првата фаза во Собранието

Законите договорени помеѓу партиите, ја поминаа првата фаза во Собранието

Собранието на Република Македонија во рамки на 113. седница ја констатира потребата за носење на измените и на дополнувањата на Законот за внатрешни работи, Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Законот за кривична постапка, на Изборниот законик и на Законот за Влада, сите по скратена постапка.

Измените и дополнувањата на овие закони беа договорени од страна на претставниците на политичките партии потписници на Договорот од Пржино, во насока на подготовка за одржување предвремени парламентарни избори и излез од политичката криза.

Законите се носат по скратена постапка и се очекува тие да бидат изгласани во текот на утрешниот ден. Нивни предлагачи во Собранието се координаторите на пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ, Илија Димовски и Горан Сугарески, и пратениците Артан Груби од ДУИ и Беким Фазлиу од ДПА.