Видео (ВИДЕО) Захарченко положи заклетва

(ВИДЕО) Захарченко положи заклетва

Александар Захарченко -претседател на самопрогласената Донецка Народна Република

Лидерот на проруските сили и премиер на самопрогласената народна република Донецк, Александар Захарченко, денеска и официјално положи заклетва на церемонијата на која беше инаугуриран за претседател на републиката, јави руската агенција ИТЕР-ТАСС.

Руската агенција наведува дека Захарченко, на церемонијата во музичкиот и драмски театар, ја положил заклетвата на Библија, а потоа четири казаци, во традиционална носија, го носеле знамето на самопрогласената република Донецк.

„Се колнам дека чесно ќе им служам на интересите на народот, на Народна Република Донецк и дека пристојно ќе ги извршувам должностите“, рече Захарченко.

Захарченко победи во областите Донецк и Луганск во Источна Украина, каде во неделата, на 2 ноември, се одржаа претседателски и парламентарни избори.