fbpx

Битката за Бахмут не престанува, Русија со воздушни и рекетни напади во регионот на Доњецк

Украинската заменик-министерка за одбрана Хана Маљар изјавила дека борбите ескалирале, додека помошникот на претседателот Володимир Зеленски, Михаило Подољак, изразил оптимизам за напорите да се потиснат руските сили

-

Битката за источниот град Бахмут на истокот во украинскиот регион Доњецк не престанува, пренесуваат светските медиуми. Украинската заменик-министерка за одбрана Хана Маљар изјавила дека борбите ескалирале, додека помошникот на претседателот Володимир Зеленски, Михаило Подољак, изразил оптимизам за напорите да се потиснат руските сили.

Како што соопшти украинската војска, Русија извршила 29 воздушни напади и четири ракетни напади во регионот на Доњецк во последните 24 часа, при што биле повредени и цивили, а оштетена е и цивилна инфраструктура.

Маљар за медиумите изјавила дека украинските сили „прават сè што е можно“ за да го одбијат новиот руски притисок за пробивање на одбранбените линии.

Претседателскиот советник, пак, Подољак во интервју за италијански весник објавено денеска, изјавува дека украинските трупи се надминале себе.

„Тие се надминуваат во своите цели, да ја намалат посадата на Русија колку што е можно повеќе и да ја заглават во „заморни битки“, изјавува Подољак.

Инаку, Бахмут е центар на интензивни борби веќе неколку недели.

Британското Министерство за одбрана соопшти дека Бахмут е буквално станата „зона на убивање“. Оттаму наведуваат дека руските приватни воени сили „Вагнер“ во последниве денови ја имаат преземено контролата врз поголемиот дел од Источен Бахмут, додека украинските сили ги држеле неговите западни делови.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Според првичните резултати, Ангелова е нова ректорка на УКИМ

Актуелната проректорка за финансии, проф. д-р Билјана Ангелова предничи зад останатите петмина кандидати за ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Како што за Мета.мк информираат од Универзитетската изборна...
Download WordPress Themes
Download Nulled WordPress Themes
Download WordPress Themes Free
Download Nulled WordPress Themes
free online course
download lava firmware
Download Premium WordPress Themes Free
free online course