Свет Свет Загинаа 10 лица откако бомбаш-самоубиец се разнесе на пазар во Нигерија

Загинаа 10 лица откако бомбаш-самоубиец се разнесе на пазар во Нигерија

Најмалку 10 лица загинале денеска, кога тинејџер бомбаш-самоубиец се разнел  на пазар на североистокот на Нигерија.

Силната експлозија се случила на преполн пазар во државата Адамава, една од најмногу погодените од насилство од екстремистичката организација Боко харам.

Никој сè уште не ја презел одговорноста за овој напад.

Пред два дена, најмалку 13 лица беа убиени, а 30 повредени во напад на тројца бомбаши-самоубијци во градот Чибок на северот на Нигерија.