Дописници Загина тракторист во штипското село Шашаварлија

Загина тракторист во штипското село Шашаварлија

Педесет и деветгодишен жител на штипското планинско село Шашаварлија попладнево го загуби животот, откако тракторот што го управувал се превртел, а тој паднал и бил потиснат од огромната гума на возилото.

Жители на селото, кои притрчале на помош, успеале да го извлечат Марјан А., но поради сериозноста на повредите, тој починал во возилото на Итната помош, на пат кон болница.

Причините за несреќата засега се непознати.

За еден месец ова е втора тракторска несреќа со човечки жртви.

В.К.