Хроника Загина мотоциклист по судир со автомобил

Загина мотоциклист по судир со автомобил

Дваесет и едногодишен скопјанец го загубил животот во сообраќајна несреќа што вчера попладне се случила на раскрсница во населбата Ченто, соопшти полицијата.

Како што информираат оттаму, сообраќајката се случила околу 16 часот, на раскрсницата од улиците Методија Андонов Ченто, Палмиро Тољати и Среќко Пужалка, а во неа учестувале автомобил, марка „опел“, кој го управувал Б.М. (47), и мотоцикл, управуван од Еркан Б. (21).

Еркан Б. веднаш по несреќата бил пренесен во Градската општа болница, каде околу 19.30 часот им подлегнал на повредите.