Македонија Заев за „Јета не Косове“: Македонците да го учат албанскиот како втор...

Заев за „Јета не Косове“: Македонците да го учат албанскиот како втор јазик

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, при гостувањето во емисијата „Јета не Косове“(Jeta në Kosovë), која се емитува на косовската телевизија РТК1, истакна дека Македонците треба да го учат албанскиот јазик како втор јазик, уште во градинките и подоцна во образованието.

– Зошто ќерка ми да не учи турски, албански? Ние сме заедно во ова општество. Сите мора да имаат еднакви и фер шанси во иднина – изјави Заев.

Во интервјуто, Заев, меѓу другото, зборуваше и за акцијата во Куманово и за спроведувањето на Охридскиот договор.