Македонија Заев за „Би-Би-Си“: Се потврди грабежот во последните три изборни циклуси

Заев за „Би-Би-Си“: Се потврди грабежот во последните три изборни циклуси

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, по објавувањето на седмата „бомба“ поврзана со изборните нерегуларности во 2011 година за време на предвремените парламентарни избори и во 2013 година за локалните избори, даде интервју за „Би-Би-Си“.

Заев тврди дека, за време на овој процес на споделување на сите докази и аргументи, ќе се покаже што се случувало во последните три изборни циклуси, вклучувајќи ги и изборите од минатата година.

– Нелегалното гласање е поврзано со лажни лични карти, купување гласови, притисок над гласачите и тоа покажува сé. Тоа што сите ние го знаевме и чувствувавме, сега конечно ќе се потврди, што точно се случувало за време на изборниот процес во нашата мала земја – истакна лидерот на СДСМ во интервјуто.