Македонија Заев: Влегуваме во година на клучни одлуки за државата

Заев: Влегуваме во година на клучни одлуки за државата

Премиерот Зоран Заев денеска на средба со коалициските партнери, зборувајќи за принципите на коалицијата, порачал дека следната година е време на клучни одлуки за државата, се дознава од соопштението од Службата за информирање на владата. Притоа побарал поддршка од партнерите во владиниот сојуз.

– Создадовме околности кои целосно го променија демократскиот амбиент во земјата, за што пристигнаа признанија и од народот со исходот на локалните избори, како и од меѓународната заедница, особено од нашите стратешки партнери во ЕУ, НАТО, и од САД, и овие промени навестуваат дека влегуваме во година на клучни одлуки за државата. Во таа смисла е многу значајно взаемното охрабрување и поддршка на сите партнери во коалицијата во сите области, и посебно во остварувањето на концептот едно општество за сите – истакнал Заев.

Тој истакнал дека во следната година, ќе се засилат и реформите и ќе се спроведуваат мерки за Планот за економски раст.