Видео Заев: Вистината ќе излезе на виделина

Заев: Вистината ќе излезе на виделина

Лидерот на опозицијата, Зоран Заев, против кој денеска беше поднесена кривична пријава за шпионажа и за насилство врз највисоките државни органи, изјави дека ова што сега се случува е само почеток на слободата во Македонија.

–  Само сакам да кажам: охрабрете се граѓани сите и радувајте се. Ова е почеток на враќање на слободата и на демократијата во Македонија. Вистината ќе излезе на виделина пред очите на целата македонска јавност. Ги повикувам сите граѓани, без разлика на нивната национална и верска определба, да се приклучат, во рамките на Уставот и законот, да си го вратиме владеењето на Уставот наш, на законот наш, да си ја вратиме Mакедонија. Да бидеме слободни граѓани, да имаме посветла иднина за сите нас – изјави Зоран Заев.