Главна секција Заев: Сменети секретaрите, потпретседателите и Извршниот одбор на СДСМ

Заев: Сменети секретaрите, потпретседателите и Извршниот одбор на СДСМ

Претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев синоќа информираше за смените кои беа направени во партијата за време на одржувањето на Централниот одбор. Нов генерален секретар на партијата е министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, кој повеќе нема да ја извршува таа функција.

„Благодарност до тројцата секретари на СДСМ, Генералниот секретар Кирацовски, секретарот за организациони работи Миле Зечевиќ, и секретарот за меѓународна соработка Дане Талевски. Сакам да им се заблагодарам на сите шест потпретседатели на СДСМ кои што денеска исто така ја завршија својата функција потпретседател на СДСМ, на Оливер Спасовски, на Фросина Ременски, на Дамјан Манчевски, на Петре Шилегов, на Мухамед Зекири, на Благојче Бочварски. Сакам да се заблагодарам на Извршниот одбор на СДСМ кој што исто така денеска престана да ја извршува својата функција, највисок извршен орган на СДСМ“, рече Заев.

Координаторот на Форумот на жени на СДСМ, Цветанка Ласкова, исто така престана со извршување на својата функција.

„Тргнавме од сопствените редови. Никој не очекува од јавната администрација, извршната, централната, парламентарната, локалната власт сто отсто да реши се, но очекува да им служат чесно и верно на граѓаните. Ние продолжуваме понатаму следуваат денови кога ќе се случат промени во извршната власт, секако дека после тоа некаде за две до три недели ќе се случат именувањата и во СДСМ“, додаде Заев.