Македонија Заев се всели во премиерскиот кабинет

Заев се всели во премиерскиот кабинет

Новиот премиер, Зоран Заев, во 12.30 часот влезе во кабинетот на премиерот во Владата на Република Македонија, каде беше пречекан од техничкиот премиер Емил Димитриев.

Димитриев срдечно го пречека Заев и му ја предаде функцијата.

Заев во Владата стаса во придружба на неколку членови на новиот владин кабинет.