Македонија Заев се сретнал со претседателот на бугарската Социјалдемократска партија

Заев се сретнал со претседателот на бугарската Социјалдемократска партија

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска се сретна со претседателот на бугарската Социјалдемократска партија, Александар Томов.

Двајцата колеги зборувале за актуелната состојба во Македонија, како и за продлабочувањето на соработката помеѓу Бугарија и Македонија на политички и на економски план.

„Покрај сите предизвици со кои се соочуваме, ние сме целосно подготвени за на слободни, фер и демократски избори да ја промениме оваа недемократска власт. Заедно со граѓаните подготвивме сериозна, остварлива програма која ќе донесе промени во општеството на секое поле“, рекол Заев.

Томов рекол дека СДСМ има целосна поддршка од неговата партија за да истрае во овој период.

Во насока на продлабочување на партиската соработка, договорена е заедничка средба на економските тимови од двете сестрински партии.