Македонија Заев се сретна со амбасадорот на Словенија

Заев се сретна со амбасадорот на Словенија

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска се сретна со амбасадорот на Словенија, Бранко Раковец.

Тема на состанокот беа шансите за продолжување на разговорите од Брисел и можностите за решавање на политичката криза во Македонија низ дијалог.

– СДСМ е ориентиран кон наоѓање решение по мирен пат и утврдува чекори во таа насока. Она што е неоходно е владата што треба да ги организира следните избори во Македонија да не ја води креаторот на кризата и да се утврдат контролни механизми што ќе спречат понатамошни злоупотреби и криминални активности во предизборни цели – рече Заев.

Како што пишува во соопштението на СДСМ, партијата веќе ги разгледува механизмите што ќе ги употреби ако во наредните десет дена нема разговори и договор за начинот на разврска на кризата.