Главна секција Заев повика на помирување и на простување

Заев повика на помирување и на простување

Многу се поделивме пред се политички, се замразивме, се закрвавивме ќе се испоубиeвме пред очите на сите на 27 април, еве прилика да си простиме и да се помириме, рече премиерот Зоран Заев денеска во Собранието, при образложување на владиниот предлог за уставни измени.

„Ајде десната страна да подаде рака на левата и левата да и подаде на десната, испраќам порака на помирување. Знам дека ова има цена, но политичарите доаѓаат и си одат, а иднината на земјата е најважна. Нема иднина за нашата земја ако не си простиме. Ги повикувам пратениците да мислат и да погледнат во иднината. Дали сакаат европска Македонија или изолација, сиромаштија и несигурност“, рече Заев на пленарната седница која е во тек.