Галерија Заев објави разговор меѓу Латас и Мијалков

Заев објави разговор меѓу Латас и Мијалков

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, го објави првиот разговор од прислушуваните материјали помеѓу Драган Павловиќ-Латас и директорот на УБК, Сашо Мијалков. Во разговорот, тие зборуваат за апсењето на  Љубе Бошковски, при што Мијалков на Павловиќ-Латас му ја објаснува случката околу апсењето.

Во дел од разговорот, се слушаат следните зборови на Мијалков: „Мислам дека ќе изненадиме. Ќе биде боље, а тоа што ќе биде боље, ќе ти кажам утре. Не сакам да зборам пред рака, ама имам некое чувство“.

Во разговорот, покај тоа, се слуша како Мијалков нарачува што и како ќе се прикажува на телевизиите.

„Љубе мора да е понижен, не може само да е уапсен“, му порачува Мијалков на Латас.