Главна секција Заев: Не ми паѓа на памет да влијаам на судот, прифаќам разговор...

Заев: Не ми паѓа на памет да влијаам на судот, прифаќам разговор со Мицкоски

На вториот ден од Седницата за уставните измени кои произлегуваат од Договорот со Грција, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Јовановски му предложи на премиерот Зоран Заев да се види со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за да пронајдат заедничко решение.

– Нема да гласам за пристапување кон уставни измени затоа што спогодбата од Преспа мене како човек ми налагаше да не верувам во она што го пишува внатре. Господине Заев, немојте овие пратеници да ги туркате да притиснат копче за кое не дале заклетва. Затворете се со нашиот лидер Мицкоски 5-10 дена, донесете заклучок каков што и прилега на Македонија, па потоа сите ние тука ќе разговараме – рече Јовановски.

Заев, иако после референдумот рече дека нема зошто да разговара со Мицкоски, сега го прифати предлогот на Јовановски и изрази уверување дека само преку разговор се постигнуваат решенија.

– Нашето име го дополнуваме и прецизираме. Граѓаните на парламентарни избори го предаваат својот легитимитет на пратениците за да носат одлука. За прашањето за името одлучивме сите да го прашаме нашиот народ. И го прашавме народот. Граѓаните што одлучија излегоа и кажаа. Тие што не сакаа да одлучат останаа одма. И Македонија мора да донесе одлука после тоа. Јас позитивно го сфаќам вашиот предлог да разговарам со вашиот лидер Мицкоски. Јас исклучиво преку разговор мислам дека се доаѓа до решенија. Не ми паѓа на памет да влијаам на институции на судии, но мора да се помириме. Јас останувам низ дебата заедно сите да го најдеме решението Македонија мора да има иднина – рече Заев.