Македонија Заев на средба со прилепчани

Заев на средба со прилепчани

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска е во посета на Прилеп. Тој најпрво имаше средба со стопанствениците од Прилеп, на која се разговараше за стопанските капацитети што ги нуди градот.

Во однос на изборниот законик, лидерот на социјалдемократите рече дека е постигнат голем напредок и дека во текот на утрешниот ден очекува изборниот законик да биде презентиран пред јавноста, а веќе во вторник, 13 октомври, да влезе и во собраниска процедура.

По средбата со прилепските стопанственици, Заев ќе се сретне со граѓаните на селото Мало Коњари, а ќе присуствува и на сенародниот традиционален собир во манастирот во Селце, кој е во организација на општинската организација на СДСМ од Прилеп.