Македонија Заев на Конгрес на ПЕС во Будимпешта

Заев на Конгрес на ПЕС во Будимпешта

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска и утре ќе биде во посета на Будимпешта, каде ќе учествува на Конгрес на ПЕС (Партија на европски социјалисти).

Со Заев ќе одат и заменик-претседателката Радмила Шекеринска, потпретседателот Дамјан Манчевски и секретарот за меѓународна соработка на СДСМ, Јован Деспотовски.

„Конгресот на ПЕС претставува најголем собир на европската левица и опфаќа претставници и делегати на социјалдемократски, социјалистички и на лабуристички партии во Европа, нивни лидери и премиери, претставници на пратеничката група на ПЕС во Европскиот парламент, како и многубројни гости од други сестрински партии на земји надвор од Европа. Предвидено е делгацијата на СДСМ и претседателот Зоран Заев да остварат и повеќе средби со високи владини и партиски функционери од сестрински социјалдемократски, социјалистички и од лабуристички партии“, информираат од СДСМ.