Македонија Заев ќе се консултира со граѓанските организации за реформите

Заев ќе се консултира со граѓанските организации за реформите

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска во 12 часот ќе одржи консултации со граѓанското општество на тема „Кои треба да бидат итните реформи што новата влада ќе ги преземе во првите шест месеци?“.

„Ве известуваме дека денеска, во 12 часот, во Музеј на Град Скопје (стара Железничка) ќе се одржи трибина – консултација со граѓанско општество на тема: „Кои треба да бидат итните реформи што новата влада ќе ги преземе во првите шест месеци?“. Трибината е во организација на кабинетот на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, кој ќе се обрати на оваа трибина заедно со претставници од граѓанското општество“, информираат од СДСМ.