Македонија Заев: Израел нема дадено финансиски донации за Македонија!

Заев: Израел нема дадено финансиски донации за Македонија!

„Израелските власти ни потврдија дека немаат давано финансиски донации, туку само донации во форма на знаење и во опрема“, изјави денеска во Тел Авив лидерот на СДСМ, Зоран Заев, по средбите со израелските власти.

– Дефинитивно се потврди дека донациите се присутни како опрема, во знаење, во пренос на подготвени професионалци и експерти кои доаѓаат на обуките за имплементација и за менаџмент со секаков вид опрема со која Израел ја помага Македонија или ја продава на Македонија на која било основа, но финансиските донации не постојат – рече Заев, додавајќи со тоа се потврдуваат тврдењата на опозицијата дека префрлените парични средства се, всушност, провизија.

Заев во рамки на посетата на Израел се сретнал со вицепремиерот на Израел и министер за внатрешни работи, Силван Шалом, а во текот на денот ќе има средба и со министерот за инфраструктура, енергетика и за води на Израел, Јувал Стеинц, како и со бизнис-заедницата.