Македонија Заев испрати телеграма со сочувство до семејството на Идризи и до ДУИ

Заев испрати телеграма со сочувство до семејството на Идризи и до ДУИ

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во свое и во име на СДСМ, испрати телеграма со сочувство до семејството на застреланиот градоначалник на Општина Боговиње, Хазби Идризи, како и до неговите колеги во Општината и во партијата ДУИ.

„Изразувам искрено и длабоко сочувство за смртта на Хазби Идризи, до семејството, пријателите, колегите на градоначалникот на Општина Боговиње. Никој нема право да одземе човечки живот од какви и да е причини. Очекувам истрагата брзо и ефикасно да се заврши во интерес на правдата и на вистината“, се вели во телеграмата на Заев.