Македонија Заев и Ципрас ќе примат награда на Минхенската безбедносна конференција

Заев и Ципрас ќе примат награда на Минхенската безбедносна конференција

Наградата „Ewald von Kleist“ на Минхенската безбедносна конференција, оваа година, ќе им биде доделена на Зоран Заев и Алексис Ципрас за Договорот од Преспа, објави „Дојче Веле“ на грчки јазик.

Претседателот на конференцијата, Волфганг Ишингер на неговиот официјален „Твитер“ профил на 25 јануари, кусо откако Договорот од Преспа беше ратификуван од грчкиот Парламент, напиша дека „ двајцата премиери ќе бидат поканети на 16 февруари во Минхен да ја примат престижната награда“ за време на 55-та конференција.

Портпаролот на Минхенската безбедносна конференција што ќе се одржи од 15 до 17 февруари, вчера за „Дојче веле“ потврдил дека и Заев и Ципрас ја прифатиле поканата.

Наградата се доделува од 2009, а меѓу досегашни добитници се Хавиер Солана, Јоаким Гаук и ОБСЕ.