Македонија Заев и Борисов ќе положат цвеќе на гробовите на Гоце Делчев и...

Заев и Борисов ќе положат цвеќе на гробовите на Гоце Делчев и Константин Каварналиев

Бугарскиот премиер Бојко Борисов денеска ќе престојува во посета на земјава, за заедничкото одбележување на двегодишнината од Договорот за добрососедство, пријателство и соработка меѓу Скопје и Софија.

Борисов претпладнево официјално ќе биде пречекан во Владата од премиерот Зоран Заев. Двајцата премиери и владините делегации ќе имаат билатерални средби на кои ќе го разгледаат напредокот на соработката на билатерален и мултилатерален план.

По заедничка прес-конференција во Владата, Заев и Борисов во црквата „Свети Спас“ ќе се полонат и ќе положат цвеќе на гробот на Гоце Делчев.

Потоа Борисов ќе биде примен од претседателот Стево Пендаровски, по што Заев и Борисов ќе заминат за Дојран, каде што ќе положат цвеќе на споменикот на полковник Константин Каварналиев, кој командувал со бугарските единици кај Дојран во Втората балканска војна.