Македонија Заев и Ахмети се договорија да се фатат за „метлата“

Заев и Ахмети се договорија да се фатат за „метлата“

Архивска фотографија од мај 2019 г. | Мета.мк

Премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев и лидерот на ДУИ Ахмети вчера имаа средба, на која договориле да започне процесот „за зајакнување на кадровските капацитети на владините институции за подобри економски резултати“.

Од владиното соопштение се дознава дека вчера тие веќе зборувале за одредени слабости кај дел од функционерите од извршната власт.

Двајцата лидери се договориле да почнат консултации во двете политички партии на чие чело се двајцата лидери, по што разговорите ќе продолжат.

„Целта на овие иницијативи е обезбедување кадровски решенија за зајакнување на капацитетите на институциите, во насока на исполнување на подобри резултати на економски план и исполнување на очекувањата на граѓаните“, порачува владината служба за односи со јавноста.