Главна секција Заев и адвокатите се појавија во судот, се очекува почеток на рочиштето

Заев и адвокатите се појавија во судот, се очекува почеток на рочиштето

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска се појави во Основниот суд – Скопје 1, каде се очекува да почне судскиот процес за случајот „Поткуп“, во кој е обвинет за барање и за примање поткуп од струмичкиот бизнисмен Иван Николов-Сачевалиев.

Во судот пристигна и бизнисменот Николов, како и адвокатите на Заев, Филип Медарски, Ване Андреев и Јаким Наумов.

Почетокот на рочиштето е закажан за 11 часот и во секој момент се очекува странките да влезат во судницата.

Заев, според обвинението, се товари дека во својство на службено лице, како градоначалник на Струмица, од бизнисменот Иван Николов побарал поткуп од 163.924 евра, односно по 2 евра за еден квадратен метар градежно земјиште во Струмица, кое Николов бил заинтересиран да го приватизира.