Македонија Заев го информираше амбасадорот на Швајцарија за „бомбата“

Заев го информираше амбасадорот на Швајцарија за „бомбата“

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, заедно со заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска денеска се сретна со амбасадорот на Швајцарија во Република Македонија, Стефано Лаѕарото.

На средбата, како што се наведува во соопштението, се разговарло за загрозените слободи и права на граѓаните во земјата, за отсуството на правната држава, за нефункционалноста на државните институции.

– Последен аргумент за тоа се само мал дел од доказите што ги поседуваме и ги дадовме вчера на увид на јавноста, дека повеќе од 20.000 граѓани во Македонија биле прислушувани за само неколку години, со наредба на премиерот Никола Груевски и на директорот на УБК, Сашо Мијалков. Нема поголема потврда за тоа дека една власт е недемократска од тоа што го прави власта на Груевски, влегувајќи во приватниот и во професионалниот живот на граѓаните и кршејќи ги елементарните човекови права – посочи претседателот на СДСМ, Зоран Заев, додавајќи дека од тие причини СДСМ почнал со проектот „Вистината за Македонија“, кој има единствена цел, враќање на слободата и на демократијата во државата.