Македонија Заев го доби пасошот назад, со премиерот Груевски ќе преговараат и во...

Заев го доби пасошот назад, со премиерот Груевски ќе преговараат и во Стразбур

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на денешната прес-конференција потврди дека пасошот кој му беше одземен заради случајот „Пуч“ – му е вратен.

Иако Заев не образложи, најверојатно пасошот му е вратен за средбата со Груевски, која на почетокот на наредната недела ќе се одржи во Стразбур.

– Немам никакви информации околу средбата. Ние сме подготвени секогаш кога пријателите од меѓународната заедница ќе нè повикаат на разговори – изјави Заев.

На средбата со европарламентарците тие треба да се обидат да најдат решение за политичката криза, а како што е најавено, европратениците пред средбата ќе имаат заедничко соопштение за ситуацијата во Македонија.