Главна секција Заев до Палмер: Многу е важно ЕУ да ни даде датум за...

Заев до Палмер: Многу е важно ЕУ да ни даде датум за преговори во јуни

Премиерот Зоран Заев во пресрет на отворањето на Генералното собрание на ЕБОР во Сараево, се сретна со заменикот-помошник секретар за Европа и Евроазија во Стејт департментот на САД, Метју Палмер.

Палмер истакнал дека успешно спроведените претседателски избори ја носат државата во вистинскиот правец и ги олеснуваат заложбите за добивање на датум за преговори со ЕУ.

– Демократските, фер и кристално чисти избори потврдија дека нашата земја станува зрела демократија, а граѓаните дадоа масовна поддршка на концептот едно општество за сите. Покажавме како земја дека имаме капацитет да ги решаваме тешките прашања, а сега сме фокусирани на иднината и економскиот прогрес на земјата. Со 12 ратификации на протоколот за нашето членство во НАТО веќе се чувствуваат позитивни ефекти и охрабрување за нови инвестиции. За нас е многу важно Европската унија да ни даде датум за преговори во јуни за да го оствариме европскиот сон на многу генерации наши граѓани – рече премиерот Заев.