Македонија Заев до Гарет: Разговори со Груевски нема да има додека не се...

Заев до Гарет: Разговори со Груевски нема да има додека не се повлече аболицијата

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска се сретна со амбасадорот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска во Република Македонија, Чарлс Едмунд Гарет со кого разговарал за политичка криза по одлуките за парцијална аболиција и укинување на техничката Влада.

Претседателот Заев го информирал британскиот амбасадор дека разговори со Груевски за организација и спроведување избори нема и нема да има додека не се повлече целосно аболицијата.

-Нема алтернатива за комплетно поништување на аболицијата – соопшти Заев.

Гарет и Заев изразиле заедничка согласност дека спроведувањето селективна правда би значело катастрофа за правото и правдата и ризик за продлабочување на усложнетата политичка ситуација.

„На средбата се разговараше и за следните чекори на СДСМ и здружената опозиција кои ги поддржуваат граѓаните кон воспоставување на правниот поредок во Македонија и организирање и спроведување фер и регуларни избори на коишто ќе биде избрана легитимна Влада“, информираат од СДСМ.