Главна секција Заев: Џезаир Шакири-Хоџа се повлекува од местото советник на премиерот

Заев: Џезаир Шакири-Хоџа се повлекува од местото советник на премиерот

Премиерот Зоран Заев денеска во Охрид изјави дека контактирал со Џезаир Шакири, познат како Командант Хоџа кој му кажал дека бара сам да се откаже од советничката позиција во премиерскиот кабинет, јави Телма.

– Шакири ми кажа дека денеска ќе соопшти дека ќе се повлече од позицијата поради реакциите во јавноста. Тој вели дека и него му пречат реакциите и ќе се повлече затоа што си ја сака државата –  Заев.

Во понеделникот владата официјално потврди дека Џезаир Шакири, познат и како командант Хоџа е поставен за надворешен советник на премиерот Заев за областа на внатрешна безбедност и радикализам. Определената плата за него беше 36.000 денари.