Македонија Заев: Честитки пријателе Ципрас, заедно со нашите народи испишавме историска победа

Заев: Честитки пријателе Ципрас, заедно со нашите народи испишавме историска победа

Честито мој пријателе Алексис Ципрас, заедно со нашите народи испишавме историска победа, напиша премиерот Зоран Заев на неговиот фејсбук-профил, по повод ратификацијата на Договорот од Преспа во грчкиот парламент.

„Нека е вечен Договорот од Преспа, нека се вечни мирот и прогресот на Балканот и во Европа“, пишува Заев во честитката.

Грчкиот парламент попладнево со 153 пратеници „за“ го ратификуваше Договорот од Преспа потпишан помеѓу Македонија и Грција за крај на спорот со името кој се водеше речиси три децении.

Сите 300 пратеници поединечно, со прозивање, се изјаснија за прашањето дали се „за“, „против“ или „воздржано“ за ратификацијата на Договорот од Преспа.