Македонија Заев: 2016 година ќе биде година на правдата

Заев: 2016 година ќе биде година на правдата

Во новогодишното обраќање, лидерот на СДСМ, Зоран Заев, истакна дека во 2015 година вистината го осветлила патот, а по неа ќе дојде правдата.

– По вистината, секогаш доаѓа правдата. 2016 година ќе биде година на правдата. Ќе можеш да ја добиеш во правични институции. Ќе живееш во правично општетство. Затоа што на правични избори ќе одлучиме праведно, за себе, за своите деца, за иднината на нашата заедничка држава – се вели во новогодишното обраќање на Заев.