Свет Европа Заемни обвинувања за кршење на примирјето во Украина

Заемни обвинувања за кршење на примирјето во Украина

Најмалку тројца украински војници се убиени, а пет се ранети во последното деноноќие на истокот на Украина, соопштија украинските власти, обвинувајќи ги проруските сили за кршење на примирјето.

Истовремено, сепаратистите од самопрогласената Доњецка народна република го обвинија Киев дека 19 пати го прекршил примирјето во последните 24 часа. Засега нема податоци за загинати, ниту за причинета материјална штета. Со исти обвиненија излегоа и властите од Луганската народна република, кои тврдат дека украинските власти не се придржуваат до договорот од Минск.