Македонија Заедничка седница на владите на Македонија и на Албанија во Поградец на...

Заедничка седница на владите на Македонија и на Албанија во Поградец на 15 декември

Претставниците на владите на Македонија и на Албанија договориле заедничката меѓувладина седница, која е предвидено да се случи на 15 декември во Поградец, Албанија, информираат од Владата.

Во соопштението, накратко се додава дека на седницата ќе се разговара на повеќе теми, а во фокусот ќе биде унапредувањето на заемната соработка во повеќе области.

Владата на Македонија одржа заедничка седница со владата на Бугарија на 23 ноември во Струмица.