Македонија Забрана за камиони утрово само на Маврово – Дебар

Забрана за камиони утрово само на Маврово – Дебар

Забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар утрово сè уште е на сила.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенцијата на дежурните служби. Поради ниските температури наместа е можна појава на голомразица, информира Автомото сојуз на Македонија (АМСМ).

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.