Свет Забележан потенцијален дел од исчезнатиот авион на „Малезија ерлајнс“

Забележан потенцијален дел од исчезнатиот авион на „Малезија ерлајнс“

Пилот на „Ер Франс“ забележал пловечки објект на околу 70 километри од островот Реунион, со што се подгреаја шпекулациите дека можеби станува збор за дел од исчезнатиот авион МХ370 на „Малезија ерлајнс“.

Информацијата доаѓа неколку недели откако на островот беше пронајден дел од крилото на авионот, за кој беше потврдено дека му припаѓа на исчезнатиот авион.